26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународна конференција и саем за електрични возила

Меѓународна конференција и саем за електрични возила

eaa-04

Во организација на Здружението за електрични возила „Електромобилност Македонија“ денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе се одржат првaта меѓународна конференција и саем „Електрични возила – нови трендови за мобилност“.

На конференцијата ќе учествуваат гости од Словенија и Бугарија, претставници од Министерството за економија и од МЕПСО, предавачи на Машинскиот факултет, иноватори…

Во фоајето на зградата за моторнио возила и Центарот за хомологација при Машинскиот факултет ќе бидат изложени неколку електромобили, како и уникатниот скутер на електричен погон, што е изработен прв пат  во Македонија.

Целта на Здружението „Електромобилност Македонија“ е да иницира интерес во Македонија за електричните возила преку промовирање на новите трендови во урбаниот транспорт со електрични возила, одржлив транспорт во Македонија и подигање на свесноста за новите технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП