28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомплетирана траншата од помошта за Кипар

Комплетирана траншата од помошта за Кипар

kipar1

Еврозоната вчера на Кипар му исплати 1,3 милијарди евра, со што ја комплетираше првата транша од помошта, која на Никозија и ја одобрија партнерите од европската монетарна унија.

Исплатата од Европскиот стабилизационен механизам доаѓа откако на Кипар минатиот месец му беа исплатени две милијарди евра во рамките на планот за спас, кој беше договорен претходно, пренесува агенцијата Франс Прес.

Вкупната помош за Кипар е во вредност од десет милијарди евра, од кои една милијарда е од Меѓународниот монетарен фонд.

Кипар во замена за кредитот се согласи на драстично реструктуирање на банкарскиот сектор, вклучувајќи ја и реорганизацијата на најголемиот кредитор – Банката на Кипар и ликвидација на втората банка по големина „Лаики“, при што депозитите во овие банки кои беа поголеми од 100.000 евра беа оданочени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП