16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија предупредува: Современите технологии се средства за екстремистичка пропаганда

Русија предупредува: Современите технологии се средства за екстремистичка пропаганда

Лидерите на екстремистичките групи го користат интернетот и другите современи средства за комуникација да шират свои идеи помеѓу младите луѓе, изјави рускиот министер за внатрешни работи Владимир Колоколчев.

Лидерите на радикалните групи, повеќе од кога било се свртуваат кон употребата на друштвените мрежи и сервиси за праќање на брзи пораки: “Целите се насочени главно кон млади луѓе, кои поради нивната возраст се склони на бунтовничко однесување, истакна Колоколчев.

Колоколчев предупреди дека негативното влијание на радикалните идеологии претставува закана за безбедносно опстојување и развој на суверени држави, објави TASS.

Тој истакна дека во оваа ситуација не треба да има никакви геополитички амбиции и противречности, а властите да ги консолидираат напорите на меѓународната заедница за да се спротистават на заедничките предизвици.

Рускиот министер истакна дека интензитетот на воениот конфликт на Блискиот Исток и Северна Африка придонесе за излез на бегалците од областите во кои тоа се случува: “Се покажа дека многу земји не се подготвени да се справат со проблемот на миграција, која поттикнува тензии. Како резултат на тоа, дури и земјите со стабилни демократии, се соочуваат со пораст на екстремистички ставови и терористички акти без преседан кој се емитува во живо на интернет. Потврдено е од страна на неодамнешните настани во Нов Зеланд”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП