16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Намален бруто надворешниот долг во четвртиот квартал на 2018 година

НБРМ: Намален бруто надворешниот долг во четвртиот квартал на 2018 година

На крајот на 2018 година бруто надворешниот долг изнесува 7.908 милиони евра и забележа квартално намалување од 489 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања се намалија за 227 милиони евра и изнесуваат 5.260 милиони евра, стои во соопштението на Народната банка.

Поголемото квартално намалување на обврските во однос на побарувањата доведло до намалување на нето надворешниот долг за 263 милиони евра, со што на крајот на четвртиот квартал од 2018 година тој се сведе на 2.647 милиони евра.

Притоа, намалувањето на нето надворешниот долг во четвртиот квартал произлегува од намалувањето на приватниот и на јавниот нето-долг, за 139 милиони евра и 124 милиони евра, соодветно.

Негативната нето меѓународна инвестициска позиција, на крајот на 2018 година, изнесува 5.946 милион евра, или 55,4% од БДП за 2018 година. Најголемиот дел (повеќе од 86%) од овој износ се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, од кои 74% се врз основа на сопственички капитал, се вели во соопштението.

Извор: НБРМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП