5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлаб раст на американската економија

Слаб раст на американската економија

amerika2

Американската економија во првиот квартал напредуваше со стапка од 1,8 проценти, што е значително пониска отколку што претходно се мислеше, покажуваат официјалните податоци од Вашингтон.

Министерството за трговија на САД ја ревидираше стапката за економскиот раст за првите три месеци од 2013 година, од 2,4 проценти на 1,8 проценти, што сепак е значително повеќе во однос на растот од 0,4 проценти од последниот квартал од минатата година, пренесува агенцијата АП.

Ревизијата на стапката на раст генерално се случи поради домашната потрошувачка, која беше послаба отколку што првично се мислеше и која покажа дека растот на даноците значително влијаел на економијата. Министерството, исто така, наведува дека трите месеци заклучно со март се намалени и извозот и увозот.

Економистите предвидуваа дека економскиот раст на САД во вториот квартал ќе изнесува два проценти или помалку, но прогнозите најверојатно ќе бидат ревидирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП