6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТрамп се закани: Не се шегувам, потполно ја затвараме границата на подолго...

Трамп се закани: Не се шегувам, потполно ја затвараме границата на подолго време!

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани со затворање на јужниот дел на САД со границата со Мексико, ако мексиканската влада не стави крај на илегалната имиграција.

“Не се шегувам. Исто така може да значи и целосна (суспензија) на трговијата со Мексико. Ќе ја затвориме границата на подолго време”, изјави Трамп одговарајќи на прашања на новинарите во Флорида.

Агенцијата вели дека таквиот потег на Трамп значително ќе ги оштети економиите на двете земји.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Марсело Едбарг порача на Твитер дека Мексико не е предмет на закани, објави Ројтерс.

“Мексико не е предмет на закани. Ние сме супер сосед. Прашајте милион ипол Американци кои ја избрале нашата земја како нивен дом, најголема заедница на Американци надвор од САД. За нив, ние сме, исто така, најдобрар сосед кој може да го имаат”, наведе Едбарг на оваа социјална мрежа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера се закани дека следната недела ќе ја затвори границата со Мексико или барем поголем дел од границата, ако Мексико веднаш не го запре приливот на нелегални имигрантни пристигнувања во САД. Трамп напиша на Твитер дека Мексико може лесно да го стори тоа, но дека тие земаат само американски пари и разговараат.

Reuters потсетува дека Трамп постојано се залагал за затворање на американската граница со Мексико во неколку наврати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП