24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот парламент по трет пат го одби предлогот за Брегзит на Тереза...

Британскиот парламент по трет пат го одби предлогот за Брегзит на Тереза Меј

Предлог спогодбата за Брегзит која Тереза ​​Меј ја постигна со Брисел пред неколку месеци, по третпат е одбиена во парламентот. 286 пратеници гласаа “за”, додека “против” 344.

По гласањето, Меј изјави дека последиците од новото одбивање ќе бидат сериозни. “Сега е задача на Британија да излезе на 12 април, за само 14 дена”.

Лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин, ја повика премиерката да поднесе оставка. “Ако Меј не може да го прифати тоа, мора да замине и да и дозволи на земјата да одлучува за иднината преку избори”, рече тој.

Да потсетиме, минатата недела во Брисел беше договорено на Велика Британија да и биде дозволено одлагање до 12 април, освен ако не се постигне договор, односно до 22 мај ако се постигне договор.

Ниту една од осумте опции за кои парламентарците гласаа во вторникот не успеаа да добијат мнозинството, а Оливер Летвин, авторот на планот за гласање, веднаш предложи ново гласање на 1 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП