23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротестите од Истанбул предизвикале штети од околу 40 милиони евра

Протестите од Истанбул предизвикале штети од околу 40 милиони евра

Protesters in Gezi Park

Протестите за истанбулскиот парк Гези направија штета од над 100 милиони турски лири(околу 40 милиони евра), изјави градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш.

Во сумата се вклучени и финансиските загуби на трговците.

-Поголемиот број на луѓе мислеа дека имаме за цел да изградиме нов трговски центар. Таков план нема. Целата работа беше за регулирање на сообраќајот, истакна Топбаш, додавајки дека во проектот за паркот Гези било вклучено и изградбана градски музеј и уметничка галерија.

Претседателот на Истамбулската асоцијација на коморите на трговците и занаетчиите Фатих Јилмаз истакна дека трговците и занаетчиите претрпеле најголеми штети. Тој посочи дека во реонот на плоштадот Таксим, каде се наоѓа паркот Гези има 5.000 трговци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП