27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААеродромот во Сингапур е најдобар во светот, во Европа најдобар е во...

Аеродромот во Сингапур е најдобар во светот, во Европа најдобар е во Минхен

Аеродромот Changi во Сингапур е најдобар аеродром во светот, додека аеродромот во Минхен најдобро е рангиран во Европа, објавено е од страна на меѓународната рејтинг агенција во воздушниот транспорт Skytrax.

Во образложението на награди се наведува дека сингапурскиот аеродром освен што претставува најпрометен транзитен центар во југоисточна Азија, препознатлив е по својата единствена архитектура, ефикасна работа, луксузна содржина и разновидни можности за шопинг.

Од друга страна, минхенскиот аеродром иако води на европскиот континент, го зазема седмото место на оваа ранг-листа зад азиските аеродроми, како што е аеродромот во Токио – Haneda , јужнокорејскиот Incon, катарски Hamad, Хонгконгскиот аеродром и Јапонскиот Chubu centrair.

Покрај минхенскиот, од европските аеродроми во првите 15 се издвојуваат и лондонскиот Heathrow, Циришкиот аеродром, аеродромот во Франкфурт, Schiphol во Амстердам, како и аеродромот во Копенхаген.

Некои од главните критериуми при селекција биле достапноста на WiFi конекција и уредите за полнење на енергија, цени и разновидност на услугите, љубезност и вештини на вработените, чистота, едноставноста во транзитот и останато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП