6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиквеш АД бележи раст на приходите за 2018 година

Тиквеш АД бележи раст на приходите за 2018 година

Вкупните приходи забележаа раст од 6%, односно зголемување за 92,9 мил. денари. Растот се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 10%) и од странските пазари (за 1%). Бруто добивката бележи раст од 7%, односно зголемување за 44,8 мил. денари.

Зголемените трошоци за продажба и маркетинг за 33% резултираа со консолидирана оперативна добивка од 184,9 мил.

Финансиските расходи се намалени за 11,8 мил. денари. Остварена е консолидирана нето добивката од редовното работење пред оданочување на износ од 151,7 мил. денари.

За работењето во 2018 година не беа исплатени дивиденди.

Во 2018 година се остварија вложувања во материјални средства од 124,5 мил. денари. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран.

Фиансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП