16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија стави точка на мрсните компири

Словенија стави точка на мрсните компири

Во средината на март, Словенија донесе прописи со кои се регулира максимално дозволеното ниво на транс масти во прехранбените производи.

Транс мастите спаѓаат во рамки на “лошите” масти кои се имаат покажано дека се штетни за здравјето на луѓето, особено за срцето и крвните садови. Најголем извор на транс масти се растителните масла кои се користат во индустријата за брза храна, полуготови јадења и пекарски производи!

Транс-масните киселини се пронајдени во голема количина во помфритот, чипсот, пржената храна, вафлите, имитација на сирење и маргарини.

На почетокот на април, ќе заврши едногодишниот период на транзиција, кој ќе им овозможи на трговците да ги продадат залихите на производи, а потоа прехранбените производи со висока содржина на транс масти веќе нема да можат да се продаваат, објави порталот Seelegal.

Максималното ниво на транс-маснотии дозволено со правилата за продажба ќе изнесува 2g на 100g од вкупната содржина на маснотии. Ова се однесува на растителните масла, масти и масни емулзии и сите прехранбени производи кои содржат такви масти. Сепак, ограничување не се однесува на животински масти и масла или на оние намирници во кои транс мастите се појавуваат како составен дел и како резултат на нивното природно присуство во животинските масла и масти.

Правилата ја ограничуваат содржината на транс мастите во сите намирници, без оглед на земјата на потекло. Ограничувањата се однесуваат на оброци во ресторани и прехранбени производи кои се продаваат во слаткарници, пекари и други угостителски објекти.

Намалувањето на транс масти во исхраната е стратешка цел на Националната програма за исхрана и физичка активност за здравје 2015-2025 на Словенија.

Во случај на неускладеност со правилата, храната и суровините ќе бидат повлечени од продажба. Казните за правни лица ќе се движат од 2.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП