7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган го обвини Вашингтон: САД се виновни за нестабилноста на турската лира

Ердоган го обвини Вашингтон: САД се виновни за нестабилноста на турската лира

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската централна банка мора да ги намали каматните стапки.

Првиот човек во Турција истакнува дека централната банка треба да го стори тоа или инфлацијата ќе остане висока, обвинувајќи ги САД и другите западни земји за неодамнешната нестабилност на лирата.

Турската валута падна вчера за 5 отсто во однос на доларот, објави Reuters.

Лирата од неодамна повторно беше под притисок поради загриженоста за платниот биланс на Турција, нејзината способност да го сервисира својот надворешен долг и повторените повици од Ердоган до централната банка за намалување на каматните стапки, објави агенцијата Tanjug.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП