29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШест совети како да создадете личен бренд

Шест совети како да создадете личен бренд

Сакате да покренете личен бренд и да зачекорите во успех? Обидете се со следниве одлични совети!

Ако сте често на интернет, почнете да размислувате како да развиете свој личен бренд што верно ќе ве претставува! Зошто?

Емили Де Ла Круз, стратег за личнo брендирање и основач на “The Branding Muse” објаснила вака: “Конкуренцијата е жестока, а информациите се лесно достапни. Луѓето пред да се одлучат да работат со вас, најверојатно прво ќе проверат на интернет. Но, без личен бренд какви релевантни информации ќе пронајдат? Личниот бренд може да ви понуди многу подобра бизнис позиција отколку што може да се очекува без него. Во градење на личен бренд свесно и стратешки создавате непосредна конкурентска предност во однос на своите конкуренти”.

Де ЛА Круз сподели некои интересни совети во интервјуто за Refinery29 на тема лично брендирање, од кои шест од нив ќе ги издвоиме..

1. Личното брендирање не е само за некој што работи во медиум или слична индустрија
Столари, адвокати, организатори на свадби – секој треба да размислува за сопствен бренд. Сите професии можат да имаат корист и на тој начин да се прошири влијанието, изложувањето, па дури и да се развијат различни видови на приходи, како говорник и советник.

2. Ако имате профил на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, веќе сте ги поставиле темелите за вашиот личен бренд
Читајте стари објави и по детална анализа, издвојте ги најдобрите и на тој начин одредете ја вашата публика и цел.

3. Бидете подготвени да инвестирате во вашиот бренд
Советници, веб-дизајнери, фотографи, креативни директори или новинари никогаш не се доволно! Тие навистина можат да ви помогнат.

4. Имајте граници
Вашиот онлајн бренд е професионална алатка, па не треба премногу да го допирате вашиот приватен живот. Вашиот животен стил нека биде јавен, а приватната сфера лична.

5. Подршката е важна
Ако имате многу следбеници и многу активна публика, исто така треба да имате многу допаѓања кои би можеле да се претворат во пари.

6. Бидете искрени во вашата онлајн презентација
Не глумете тоа што не сте – вистината кога тогаш ќе се открие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП