26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска го возврати ударот кон оние земји кои го блокираа пристапот за...

Хрватска го возврати ударот кон оние земји кои го блокираа пристапот за хрватските работници

rabotnici1

Хрватската влада на денешната седница донесе одредба со која, работниците од земјите членки на Европската унија, кои го ограничија пристапот до нивните пазари на труд за хрватските работници, ќе им возврати со иста мера, така што од 1 јули ќе бидат воведени подеднакви ограничувања.

Според денешните усвоени прописи за привремената примена на правилата за работа на граѓаните на ЕУ и нивните роднини, кои ги објасни министерот за труд и социјална политика Мирандо Мрсиќ, привремено се ограничува вработувањето на државјани од земјите членки на ЕУ кои поради заштита на својот пазар на труд воведоа забрана за хрватските работници.

Тие земји како главна причина за својата одлука ја наведоа тешката ситуација на нивните пазари за труд и големата невработеност во Хрватска.

„Со оглед на состојбата на хрватскиот пазар на труд и забраната за нашите работници во одделни членки на ЕУ, проценивме дека е потребно привремено да го ограничиме вработувањето за оние држави членки од ЕУ, кои воведоа забрана за нашите работници“, објасни министерот Мрсиќ.

Според податоците, ограничување за хрватските работници воведоа Словенија, Холандија, Велика Британија, Австрија, Германија, Шпанија и Белгија, а сеуште не се знаат одлуките на Франција, Италија и Португалија. Досега, се чини дека останатите земји нема да ја ограничат слободата на движење за хрватските работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП