18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: На Русија повеќе би и одговарала победата на Хилари

Трамп: На Русија повеќе би и одговарала победата на Хилари

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјавил дека би било многу поразумно Русија да ја промовира Хилари Клинтон како кандидат за претседател, истакнувајќи дека би го попречила американското бушење на нафта и гас, со што би ја зголемила позицијата на Русија на глобалните пазари.

– Гледајки поинаку, Русија попрво би ја имала Хилари отколку Доналд Трамп. Можам сега само тоа да ви го кажам”, изјави Трамп во интервју за Fox News.

Во неговото прво интервју по објавување на резултатите од истрагата, изјави дека истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за мешање на Русија во претседателските избори во 2016 година била непотребна и фокусот да се стави ”на другата страна”.

Трамп го нападнал тимот на Малер, велејќи дека е популаризиран од страна на поддржувачите на Хилари Клинтон и дека е дел од поголема демократска кампања насочена против него.

“Ќе ви кажам за ова со Русија, ако имале нешто против мене, тоа одамна би излегло на виделина”, изјави Трамп.

Истрагата за мешање на Русија во претседателските избори заврши во петокот минатата недела, државниот обвинител Вилијам Бар објави дека специјалниот обвинител не можел да најде докази за заговор или за координација помеѓу кампањата на Трамп и Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП