18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги забранува пластичните садови, сламки и стапчиња

ЕУ ги забранува пластичните садови, сламки и стапчиња

Пластичните предмети за еднократна употреба, како што се тањирите, приборот за јадење или сламките за пијалок, во иднина ќе бидат забранети во земјите-членки на ЕУ, предвидено е со новиот закон кој е одобрен од Европскиот парламент.

За договорот постигнат со министрите на ЕУ гласаа 560 пратеници, 35 биле против и 28 воздржани.

Од 2021 година во ЕУ ќе биде забранет прибор за еднократна употреба, пластични чинии, пластични цевки, пластични стапчиња за држење на балони, кутии за храна, оксоразградлива пластика и чаши направени од експандиран полистирен.

Според податоците на Европската комисија, повеќе од 80 проценти од морскиот отпад е пластика. Производите опфатени со овој нов закон претставуваат 70 проценти од сите предмети во морскиот отпад. Поради бавниот процес на разградување, пластиката се акумулира во морињата, океаните и на плажите во земјите на ЕУ и во целиот свет. Остатоци од пластика се наоѓаат во морските животински видови, како што се морските желки, фоки, китови и птици, но и во рибите и морските плодови, а со тоа и во прехрамбениот синџир.

Земјите-членки до 2029 година мораат да овозможат повторно собирање на 90 проценти од употребените пластични шишиња, а до 2025 година најмалку 25 проценти од материјалот со кој се изработени да биде собран за рециклирање. До 2030 година, уделот на материјали кои ќе може да се рециклира мора да биде барем 3о проценти.

Ова законодавство предвидува задолжителното обележување на негативното влијание врз животната средина со фрлање на цигари со пластични филтри, пластични чаши и влажни марамчиња.

Советот на министри на ЕУ сега треба формално да го донесе овој закон, по што ќе следи објава во службен весник на Европската унија, а после тоа земјите-членки на ЕУ ќе имаат две години да го воведат овој закон во своето законодавство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП