5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе очекуваат повеќе превземања и спојувања во осигурителниот сектор во регионот

Се очекуваат повеќе превземања и спојувања во осигурителниот сектор во регионот

Осигурителниот пазар во Централна и Источна Европа создаде услови за нови инвестиции и нови превземања, се вели во новиот извештај на Deloitte за осигурителната индустрија во регионот.

– Поради големиот број на осигурителни компании кои делуваат на локалните пазари и истовремено мултинационалните групи кои се репозиционираат во регионот, во се построги регулаторни средини, се очекува зголемување на бројот на спојувања и превземања во наредните години.

Како главни причини за очекуваните спојувања и превземања во осигурителниот пазар во регионот, во извештајот се наведува фрагментација на пазарот, големиот број на друштва кои имаат мал пазарен удел, повисока стапка на економски раст во регионот во споредба со Западна Европа и голем потенцијал за раст. На идниот развој на осигурителниот пазар во регионот влијае и консолидацијата на осигурителните компании, кои сакаат подобро да се позиционираат.

Во осигурителната индустрија во регионот, забележан е позитивен раст на вработувања, според извештајот на Deloitte. Сегментот на неживотни осигурувања најмногу придонел за тоа. Најдобри резултати, според Deloitte, биле направени во Полска.

“Оваа позитивна динамика го овозможи економскиот раст, поттикнат од подобрувањето на условите на регионалниот пазар на труд”, се заклучува во извештајот.

Извештајот на Deloitte ја опфати анализата во 12 транзициски држави. Станува збор за Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија, Словенија, Хрватска и Србија, како и во балтичките држави – Естонија, Латвија и Литванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП