Земјите низ цела Европа имаат проблеми со исполнувањето на меѓународните обврски во областа на работничките права.
Ова е заклучокот од последниот извештај на Европскиот комитет за социјални права (ЕЦСР).
Европскиот комитет за социјални права, како тело на Советот на Европа, ја оцени усогласеноста на правата на работниците во 35 земји од Европа со Европската социјална повелба. Во периодот од 2013 до 2016 година беа следени прашања како што се правото на разумно време, праведна плата и заштита од вознемирување.
Донесени се 276 заклучоци за усогласеност, 206 покажуваат прекршување на правата на работниците, додека во 98 случаи ситуацијата не може да се оцени поради недостаток на информации. Највисок процент на повреди во врска со правото на работниците има за разумен престанок на работниот однос (95,8 отсто), правото на работниците и работодавачите на колективни акции, вклучувајќи го и правото на штрајк (73,3 отсто), а правилата со кои се ограничува обемот на одбитоци од плата (64,3%).
Комитетот во својот извештај наведува дека повеќето од 35 оценувани земји не осигурале дека најниската нето плата ќе ги покрие потребите за достоинствен живот за работниците и нивните семејства.