26 април, 2024
ПочетнаДИЕТИКако ефикасно да примените кето диета

Како ефикасно да примените кето диета

Кетонската исхрана е еден од најпопуларните начини за регулирање на килограмите во моментов. Заговорниците на оваа диета велат дека тежината се губи ефикасно и без глад. Би требало 70% од вашите калории да ги добиете од маснотии, а да внесувате помалку од 50 гр јаглени хидрати дневно.

Ниското ниво на јаглени хидрати ќе го водат вашето тело во кетоза состојба. Ова е состојбата на организмот која се јавува како резултат на метаболичкиот процес наречен кетогенеза. Во текот на овој процес, црниот дроб почнува да лачи кето тела и клетките почнуваат да ги користат како енергетска единица. Најефективен начин да дознаете дали сте во кетоза е да мокрите на кето ленти.

Што е кето диета?

Оваа диета е богата со масти, а сиромашна со јаглени хидрати. За да ви биде појасно треба да разберете како се согоруваат маснотиите во вашето тело.

Вашето тело има потреба од енергија, која најчесто произлегува од јаглени хидрати. Тие се разложуваат во телото на едноставни шеќери, од кои најважната улога ја има гликозата, наједноставниот и најпристапниот извор на енергија за вашето тело. Но, кога не внесувате доволно јаглени хидрати, вашето тело бара уште еден извор на енергија. Во отсуство на истото, телото почнува да ги согорува мастите и да ги користи како нов извор на енергија. Кога тоа се случува, вашето тело доаѓа во состојба на кетоза и почнува процесот на губење на тежината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП