4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска и Словенија наскоро би можеле да се најдат во различни временски...

Хрватска и Словенија наскоро би можеле да се најдат во различни временски зони

Хрватска и Словенија наскоро би можеле да бидат во различни временски зони, бидејќи Словенците го задржуваат зимското пресметување на времето а Хрватите се за пресметување на летното време.

Словенските власти изјавиле дека ќе бидат подготвени да ги поддржат одлуките на соседните земји ако се одлучат да го променат зимското време доколку летното време не им одговара.

Владата на Словенија напоменува дека е најблиску до одлуката да се задржи зимското пресметување на времето, односно средноевропскиот систем за пресметување на времето кој сега им припаѓа на соседните земји. Според словенските и хрватските медиуми, Хрватска е повеќе склона кон летниот начин на пресметување на времето, кој е посоодветен за туризмот.

Министерството за транспорт на Хрватска вели дека одлуката не треба да се донесе пред граѓаните да се изјаснат за ова прашање.

Препораката на Европскиот парламент е меѓусебен договор на соседните земји за начинот на изборот на пресметување на времето, за да бидат избегнати потешкотии, особено во сообраќајот.

Европската комисија спроведе анкета на ниво на ЕУ, според која, 56 отсто од Словенците сеуште претпочитаат за летното пресметување, а 36 проценти за зимското пресметување на времето.

Унгарците и Австријците најмногу се залагаат за пресметување на летното време.

Земјите кои решаваат да го задржат зимското пресметување на времето целосно ќе го прифатат во последната седмица од октомври 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП