19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоброто време го зголемува бројот на мигранти на грчките острови

Доброто време го зголемува бројот на мигранти на грчките острови

Подобрувањето на времето на североисточниот грчки остров Самос е проследено со зголемување на бројот на бегалци и мигранти без документи од Турција, според грчкиот весник Катимерини.

Повеќе од 4.000 бегалци и мигранти веќе пристигнале во кампот Вати во Самос, што е седум пати повеќе во споредба со бројот од 650 луѓе колку што може да прими овој камп.

Секојдневно бродови од Турција пристигнуваат со стотина луѓе на Самос и Лезбос, како и на другите острови во источна Грција.

Блокадата на островот предизвикала зголемена нетолеранција меѓу жителите на Самос, додека родителите нема да ги пуштаат своите деца на училиште две недели за да протестираат поради присуството на деца-бегалци во паралелките.

Иако грчкото министерство за образование го опиша овој потег како “обид да се елиминира климата на расизмот и ксенофобијата”, родителите ја изразуваат својата загриженост за јавното здравје како резултат на нехигиенските услови во кампот Вати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП