4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрена една милијарда долари за 5,5 метри високиот ѕид на границата со...

Одобрена една милијарда долари за 5,5 метри високиот ѕид на границата со Мексико

Вршителот на должноста министер за одбрана Патрик Шенахан ги овласти воените инженерски единици да започнат со планирање и изградба на околу 92 километри долгата ограда по должината на границата со Мексико висока 5,5 метри.

Се наведува дека Пентагон објавил дека ќе пренасочи една милијарда долари како помош на Министерството за внатрешна безбедност и Федералната агенција за царинска и гранична заштита.

Парите освен за “ѕидот”, кој ги побара претседателот на САД Доналд Трамп, ќе се користат и за поставување на осветлување и изградба на патишта во оваа област.

Се тврди дека Шенахан порачал воените инженерски единици да се фокусираат на блокирање на “коридорот за шверцување на дрога.”

AP наведува дека граничниот сектор Ел Пасо изненадувачки одеднаш стана вториот најпрометен коридор за илегален влез во САД позади долината на реката Рио Гранде во Тексас, најмногу поради семејствата од Централна Америка, кои бараат азил. Бројот на илегални гранични премини, исто така, е зголемен и во секторот Јума.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП