Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,096.52 0.13%    GRNT 870.00 0.16%    KKGO 6,150.00 0%    KMB 5,359.17 0.22%    MKSD 216.00 2.86%    MPOL 350.00 0%    MPT 61,500.41 -0.1%    NEME 1,250.00 0%    RMDEN17 98.70 0%    RMDEN18 98.64 -0.05%    SBT 2,253.00 -0.01%    SPAZ 18,525.00 0%    STB 1,100.00 0.53%    TEL 290.00 0%    TNB 15,949.95 0%    TTK 1,314.43 0.91%    

ССК: Трговци работат со милионски профити, а не плаќаат ниту денар во буџетот

Време: 12:16

Датум: март 26, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Сузбивањето на неформалната економија во земјава која изнесува над 30 проценти од севкупната економија е главниот предизвик за обезбедување стабилен деловен амбиент и работа под еднакви и фер услови за сите субјекти во приватниот сектор, велат од Сојузот на стопнски комори.

Со моменталните состојби на удар се особено малите и средни претпријатија кои како двигател на македонската економија сочинуваат 99,7 проценти од сите компании и имаат учество од 70 отсто во бруто домашниот производ. Во анализите на Сојузот на стопански комори на Македонија кој застапува над 20.000 членови од сите сектори, заедничко е континуираното барање за координирана акција со цел справување со еден од најголемите предизвици за стопанството, сивата економија.

„Особено е критично да се обезбеди механизам за справување со оние кои работат во неформалната зона со милионски профити, производители, трговците на стоки и услуги кои заработуваат големи суми, не плаќајки ниту денар во буџетот. За регистрирани компании ова е погубно, бидејќи тешко се справуваат со притисокот поради тоа што нерегистрираните субјекти имаат поконкурентни производи и услуги, а со кои им превземаат се поголем дел од потрошувачите“, велат од ССК.

Според анализите од анкетите на Сојузот на стопански комори на Македонија, вршителите на дејност кои работат без формално регистрирање на својата дејност т.е без фирма, се повеќе од 50 проценти поконкурентни на пазарот од регистрираните фирми, поради тоа што не допринесуваат со обврска за плаќање на ДДВ, придонеси по основ на социјално и пензиско осигурување, тековните трошоци им се многу пониски бидејќи не плаќаат по индустриска тарифа, со што не само што го оштетуваат буџетот, туку и нудат цени за производи и услуги на пазарот кои се значително пониски, цени кои регистрирана компанија што ги плаќа сите давачки не може да ги постигне поради тоа што повисоките трошоци мора да ги пресмета во крајната цена на чинење.

Водени од моменталниот деловен амбиент во земјава во услови на најави на регистрирани субјекти за прибегнување во неформалната зона, неопходно е да се релаксираат субјектите кои регистрирано работат од инспекциски надзори со цел намалување на трендот кон тивок премин во сивата зона. Потребна е здружена акција и искористување на соодветните механизми, со цел менување на перцепцијата дека неформалната е сигурна зона каде нема контроли и казни. Во спротивно и оние кои работат во согласност со законите и плаќаат даноци, тивко ќе почнат да преоѓаат во сивата зона, смета ССК.

Механизми за надминување на оваа состојба со волја и акција на инспекциските служби е отпочнување со континуирано делување по пријави за нерегистрирани субјекти но и јавно истакнување на оние кои ќе добијат глоба за истото, бидејќи не само што нивното изигрување на прописите претставува затајување на данок туку е и дестимул за сите кои сакаат да работат почитувајќи ги законите.

Предложените иницијални чекори за справување со сивата економија се неопходни за демонстрирање на јасна волја дека ќе има последици за оние кои работат нерегистрирано, а не како во моментов кога на удар се само регистрираните фирми, велат од ССК.

Бараат иимплементација во пракса на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност со што би се регулирало работењето во сивата зона, отпочнување на постапка за трансформација на неформалните активности во формални, поточно доброволна регистрација во прва фаза на контроли за оние кои нерегистрирано работат, а со тоа и нивен влез во системот на обврски.

Понатаму, велат во втората фаза, доколку во првата субјектите одбијат да се регистрираат и не престанат да вршат дејност во сива зона, да се применат репресивни мерки со изрекување на значителни глоби и кривични санкции, со што би се обиделе институциите да ги спречат нелегалните текови на пари.

ССК вели дека е неопходна потребата од јакнење на свеста дека сивата економија е штетна за сите граѓани на нашата земја. Тешко е во услови на сиромаштија да се спречи оваа појава, но нејзиното намалување ќе го зголеми обемот на работа кај оние кои работат и плаќаат данок, а со тоа и ќе придонесе за природно општо намалување на продажните цени.

Анализите на Светска банка покажуваат дека учеството на компаниите кои се соочуваат со нерегистрираните или неформални вршители на дејност во Македонија е 55, 5% или најмногу во регионот пред Црна Гора со 52,4%, Хрватска со 48,2%, Албанија со 40,2%, Србија со 37,5% и Словенија со 26,5%.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Не се очекува поголем раст на цената на нафтата

    Не се очекува поголем раст на цената на нафтата

    Меѓународната агенција за енергија (IEA) не очекува значителен раст на цените на нафтата, бидејќи побарувачката се забавува и бидејќи на глобалниот пазар ”црното злато” има…

  • Недостиг во касата: Дуплиран буџетскиот дефицит на Британија

    Недостиг во касата: Дуплиран буџетскиот дефицит на Британија

    Буџетскиот дефицит на Британија драстично се зголеми во првите три месеци од даночната 2019/2020 година. Недостатокот во касата е поради повисоките трошоци за сервисирање на…

  • Раст на просечната плата – кои професии се најплатени?

    Раст на просечната плата – кои професии се најплатени?

    Просечната плата пораснала за 3.1% за една година и за околу 20% за една деценија, но и покрај овие солидни достигнувања Македонија останува закотвена речиси…

  • Азиските пазари: Скок на индексите, се очекува FED да ги намали каматните стапки

    Азиските пазари: Скок на индексите, се очекува FED да ги намали каматните стапки

    На азиски пазари индексите се зголемија на крајот од оваа недела бидејќи инвеститорите се повеќе се убедени дека американската централна банка на крајот на овој…

  • На новинарите им е забрането да ја следат постапката за инспекторот Илиевски

    На новинарите им е забрането да ја следат постапката за инспекторот Илиевски

    Валерија Анастасова, претседателката на дисциплинската комисија, која треба да расправа за постапката со инспекторот Ѓорѓи Илиевски, пред почетокот на седницата на новинарите им рече дека…

  • Алгоритам за препознавање активности развиен на ФЕИТ победи на меѓународен натпревар

    Алгоритам за препознавање активности развиен на ФЕИТ победи на меѓународен натпревар

    Алгоритам што користи сензорски податоци за да препознае човечки активности и да детектира паѓање, развиен од тим на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)…

  • Сончево со мала до умерена облачност

    Сончево со мала до умерена облачност

    Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8 Утринската температура ќе…

  • Откриен најголемиот таен глобален заемодавец, поголем од ММФ и Светска банка

    Откриен најголемиот таен глобален заемодавец, поголем од ММФ и Светска банка

    Истражувањата покажале дека кинеските државни банки издале околу една четвртина од вкупните кредити на новите пазари. Ова довело до тоа Кина да стигне на водечката…

  • Експертите шокирани: Овој град целосно го укина јавниот транспорт и го замени со нова услуга

    Експертите шокирани: Овој град целосно го укина јавниот транспорт и го замени со нова услуга

    Инсфил, град во канадската покраина Онтарио, неговиот јавен транспорт целосно го замени со Uber. Необичниот експеримент пред две години започнал сосема случајно во самиот центар…

  • Британија влегува во рецесија во случај Брегзит без договор

    Британија влегува во рецесија во случај Брегзит без договор

    Велика Британија ќе влезе во рецесија во случај да ја напушти Европската унија без договор, објави британската Канцеларија за буџетска одговорност. “Велика Британија ќе влезе…