26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБританскиот парламент ја превзема контролата над Брегзит: Едно од решенијата е и...

Британскиот парламент ја превзема контролата над Брегзит: Едно од решенијата е и откажување

Една од алтернативните опции може да биде повлекување од Брегзит.

Британските пратеници гласаа за превземање на контролата од владата над дневниот ред, за од среда да одржат серија гласања за алтернативните опции за Брегзит.

Според BBC, се работи за потег без преседан, чија цел е да се најде мнозинство за секоја опција за Брегзит.

329 пратеници гласаа да ја преземат контролата над дневниот ред на парламентот, додека 302 гласаа против.

CNN наведува дека пратениците би можеле да гласаат за седум различни опции, вклучувајќи го и одржувањето на нов референдум, оставајќи ја Унијата без договор или договор како што има Норвешка, кој ќе ѝ даде пристап на Британија на единствениот пазар на ЕУ и слободна трговска зона.

Се додава дека една од алтернативните опции може да биде откажување од Брегзит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП