Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,057.05 0.09%    GRNT 868.34 2.16%    KMB 5,369.00 0.69%    MPT 61,504.82 -0.59%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.23 -6.12%    STIL 98.00 -2%    UNI 2,100.40 0.02%    

Извозот во Русија се одвива непречено и бележи постојан раст

Време: 13:24

Датум: март 25, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Македонската економија во првите неколку месеци од годинава бележи зголемување на вкупниот извоз на пазарот во Русија за 41 процент, од кои само кај земјоделските и прехранбените производи растот изнесува 90 проценти за месец јануари, споредено со истиот месец минатата година.

Ова беше истакнато на денешната свеченост по повод одбележувањето 14 години Македонско-руска стопанска комора тематски посветена на иднината на економските односи со Руската Федерација.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во своето обраќање истакна дека Руската Федерација е значаен трговски партнер на нашата земја и оти напорите на Владата се во насока на натамошно интензивирање на економската и секоја друга соработка.

Според него, извозот на македонските земјоделски производи на рускиот пазар се одвива непречено, не постои застој при влез во Руската Федерација на македонски камиони, а извозот на нашите производи бележи континуиран пораст во изминатите неколку години.

– Интензивирањето на економската и секаква друга соработка ќе биде централна тема и на идниот состанок на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско, економска и научно-техничка соработка кој оваа година во Скопје ќе се обнови по петгодишна пауза, рече Николовски.

Рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин изрази благодарност за поддршката за продолжување на дијалогот на заедничката Меѓувладина руско-македонска комисија за соработка со надеж дека ќе доведе до продлабочување на економските врски и интензивирање на трговијата и на инвестициските проекти.

Подвлече дека практични резултати од заедничките напори на двете страни е токму зголемувањето на извозот на македонски производи на рускиот пазар во 2019 година за 41 процент, а, додаде, потпишани се и нови договори за извоз на македонски вина и на свежо овошје и зеленчук на пазарот на Руската Федерација.

Најави дека наскоро земјата ќе ја посетат претставници од руското Росељхознадзор за да ги решат некои од проблемите поврзани со привремена забрана за некои видови македонско овошје во Русија.

– Резултатите од работата на Македонско-руската стопанска комора се евидентни. Сепак, не треба да останеме таму каде што сме. Се уште имаме значителен нереализиран потенцијал за соработка. Ние сме подготвени да соработуваме толку поинтензивно колку што сакате, рече Баздникин.

Од Македонско-руската стопанска комора истакнаа дека еден од најзначајните проекти кои го спроведуваат со цел интензивирање на економската соработка меѓу двете земји и создавање поволна клима за соработка со руски бизнис партнери е трговско изложбениот простор „Македонски дом“ отворен во Москва пред точно две години на просторот на најголемиот земјоделски кластер „Фуд сити“. Проектот, кој е финансиски поддржан од државата, е насочен кон значен маркетинг и директно зголемување на продажбата на производи од македонското стопанство на големиот руски пазар, но и за пазарите на други земји од Евроазиската унија.

– Според информациите добиени од стопанствениците, а гледајќи ја вкупната статистика станува јасно дека и во иднина мораме да се потрудиме во намалувањето на големиот финансиски дефицит во трговската размена со Русија и тоа во услови на сложена економска состојба во светот. Токму тоа е нашиот мотив за посилен поттик на македонските извозници кон рускиот пазар, особено на производителите на земјоделски производи, рече претседателот на Македонско-руската стопанска комора, Ѓорги Дика.

Македонско-руската стопанска комора е формирана на 25 март 2005 година од неколку македонски компании кои извезуваат на рускиот пазар, а денеска е деловна асоцијација која брои над 150 членки.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Турски „Балканлар пластик“ почна со изградба на фабрика во Бунарџик

    Турски „Балканлар пластик“ почна со изградба на фабрика во Бунарџик

    Турската компанија „Балканлар пластик“ почна со изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 1, каде во повеќе фази планира да инвестира 7,5 милиони евра и да…

  • УЈП: Најмногу пријави за неиздавање фискални и за сметки што не можат да се скенираат

    УЈП: Најмногу пријави за неиздавање фискални и за сметки што не можат да се скенираат

    Управата за јавни приходи информира за неправилностите коишто од почетокот на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, граѓаните ги пријавуваат на бројот 198.…

  • Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа враќа 1.600 тони пластичен отпад во САД и Канада

    Камбоџа се приклучи на групата азиски земји кои одлучија да ги враќаат назад пратките со пластичен отпад што им ги испратија западните компании, објави „Си-ен-ен“.…

  • Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германија воведува задолжителна вакцинација против мали сипаници

    Германската влада го прифати предлогот на министерот за здравство, Јенс Шпан за воведување на задолжителна вакцинација против малите сипаници. Децата во Германија ќе мора во…

  • Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    Индексите на Wall Street во пад втор ден по ред

    На Wall Street во средата цените на акциите паднаа втор ден по ред бидејќи деловните резултати на некои компании предизвикале стравувања од негативното влијание на американско-кинескиот…

  • Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Поголема градежна активност на патиштата, намалена изградбата на станови

    Раст на градежните активности, претежно во нискоградбата, и надолен тренд во високоградбата ја одбележуваат состојбата во градежништвото во првата половина од годинава, коешто, според стопанствениците,…

  • На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На УКИМ слободни 10 665 места за нови студенти, првиот рок за упис на 29 и 30 август

    На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 10 665 места. Според Конкурсот…

  • Сончево време со температура до 33 степени

    Сончево време со температура до 33 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе…

  • „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    „Бизнис раст со е- трговија“ – тема на Втората годишна конференција за е-трговија

    На 25 октомври 2019 год, во Скопје ќе се одржи Втората годишна конференција за е-трговија под наслов „БИЗНИС РАСТ СО Е-ТРГОВИЈА“ во организација на Асоцијацијата…

  • Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Недостиг од квалификувана работна сила во преработувачката индустрија

    Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производство во преработувачката индустрија имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2 проценти, недоволната странска побарувачка со 15,6…