6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФирмите во наредните пет дена да се прилагодат на е-Даноци

Фирмите во наредните пет дена да се прилагодат на е-Даноци

e-danoci-500

Уште 4.244 фирми во наредните пет дена треба да се прилагодат за електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, обврска која стартува на 1 јули годинава, соопшти УЈП.

Овие фирми, првите електронски пријави треба да ги достават најдоцна до 25 јули, кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.

Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП кој овозможува 24 часовно поднесување на пријави, 7 дена во неделата.

Доколку фирмите не се прилагодат на системот е-Даноци, нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ-пријава во УЈП, за што е предвидена глоба која достигнува до 3500 евра во денарска противвредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП