Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека не е невозможно инстанбулската Аја Софија веќе да не е музеј во која се плаќа влезница туку да стане џамија во која влезот ќе биде бесплатен.
Анадолија на сајтот вели дека Ердоган тоа го порачал во текот на минатата ноќ во која гостуваше во посебна предизборна програма на турската телевизија “TRGT Haber” и “Bejaz”, каде што зборуваше за предизборни теми, актуелната ситуација во Турција, но исто така и за случувањата во светот.
На прашањето дали турските граѓани ќе имаат можност бесплатно да ја посетат Аја Софија, Ердоган изјави дека тоа воопшто не е лош предлог.
– Не е невозможно, многу e возможно. Можеме дури и да смениме повеќе да не е музеј, туку џамија. Туристите доаѓаат и бесплатно ги посетуваат џамиите на султанот Ахмет, Сулејман, Фатих џамија, така што тие би можеле да ја посетат и Света Софија. Ќе го изгуби статусот на музејот, кој секако беше последователно доделен – рече Ердоган.
Тој коментираше и за терористичкиот напад што се случи на 15 март во Нов Зеланд во две џамии во кои беа убиени 50 луѓе.
– Терористичкиот напад на џамиите во Нов Зеланд не беше чин на поединец, туку организиран терористички акт, рече Ердоган.