26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија поради социјалните мрежи „изгубила“ 7 милијарди евра

Русија поради социјалните мрежи „изгубила“ 7 милијарди евра

socijalnimrezi1

Загубите во руската економија поради социјалните мрежи се движат од 281,7 до 311,5 милијарди рубљи (6,5 до 7,2 милијарди евра) на годишно ниво, проценија аналитичарите од компанијата за ревизија и консалтинг FKB.

„Нормално, ова е груба проценка“, изјави директорот на Институтот за стратешка анализа „FBK“ Игор Николајев, пренесува агенцијата Франс прес.

Според резултатите од истражувањето на американската аналитичка компанија „ComScore.com“ во 2012 година Русите на социјалните мрежи поминувале во просек по 25,6 минути дневно (12,8 саати месечно), вклучувајќи го и времето на работа, се наведува со соопштението на компанијата.

Таквиот начин на неадекватно користење на работното време, доведува до економска загуба, бидејќи работодавецот всушност ги плаќа работниците за користењето на друштвените мрежи, изјави Николајев.

Според пресметките на „FBK“, секој руски работник кој е активен на друштвените мрежи, минатата година загубил дури 3,187 минути или 53 саати од работното време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП