Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,366.09 0.17%    GRNT 1,179.97 0%    KMB 7,652.15 0.07%    MPT 77,971.46 -0.03%    MTUR 5,700.00 0%    OHB 5,095.09 0.97%    OKTA 4,796.51 2.05%    PKB 12,000.00 -2.28%    REPL 81,000.00 1.26%    RZEK 48.00 0%    RZLV 40.00 0%    RZTK 701.00 0%    RZUS 68.00 0%    SBT 3,026.72 0.89%    STB 1,300.00 -0.08%    STBP 655.00 -1.06%    TETE 2,250.00 0%    TTK 1,700.00 0.01%    UNI 2,200.00 -0.95%    

Одбележување на Глобалната недела на парите

Време: 09:06

Датум: март 25, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Од денеска почнува одбележувањето на Глобалната недела на парите. По тој повод ќе бидат организирани низа активности за јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост и промоција на предностите од поголемата финансиска вклученост.

Во рамки на одбележувањето за првпат на 27 март ќе се одржи национален натпревар во рамки на Европскиот квиз на парите на кој ќе бидат избрани победници кои ќе ја претставуваат нашата држава на финалето што ќе се одржи во Брисел. Националениот натпревар е иницијатива на Македонската банкарска асоцијација, а во реализацијата се вклучени Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука.

Народната банка во текот на Глобалната недела на парите организира едукативен караван со кој ученици од неколку училишта, главно од руралните средни, обезбеди превоз за да можат да ги посетат централната банка и другите регулаторни институции од финасискиот сектор. При посетата на Народната банка, учениците ќе имаат можност да проследат едукативни презентации и да добијат едукативни материјали, како и да го посетат Музејот на Народната банка. Народната банка, како што најавуваат оттаму, ќе ја посетат и деца од една детска градинка во обид и на најмладите генерации да им се доближи значењето на парите.

Како најава на активностите за одбележување на Глобалната недела на парите, Народната банка почна и со објавување на серијалот текстови „Економија за секого“, преку кој, на едноставен јазик, за пошироката јавност се објаснуваат одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството.

По повод Глобалната недела на парите денеска во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје ќе се одржи едукативен час на кој ќе присуствуваат претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и менаџерскиот тим на приватните пензиски друштва – КБ прво пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Се бара управител за минималец од 14.500 денари – порастот на минималната направи „урамниловка“ во платите

    Се бара управител за минималец од 14.500 денари – порастот на минималната направи „урамниловка“ во платите

    Ревизор, економист, сметководител, информатичар, геодетски техничар, медицински лица, проект менаџер, фармацевт, па дури и управител – бараат македонските газди преку огласи и сите за минимална…

  • Кинеската централна банка најавува нови економски стимулации

    Кинеската централна банка најавува нови економски стимулации

    Кинеската централна банка ќе преземе понатамошни чекори за поддршка на економијата погодена од коронавирусот, вклучително и ослободување поголема ликвидност и намалување на трошоците за финансирање…

  • Цените на нафтата во пад

    Цените на нафтата во пад

    Цената на нафтата на светскиот пазар е во пад за повеќе од два проценти, бидејќи инвеститорите се плашат од влијанието на епидемијата на вирусот корона…

  • Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација

    Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација

    Инвестицијата во човечкиот капитал, во технологии како и реформи за брза ефикасна администрација, ќе овозможи континуитет во економскиот раст кој пак ќе биде генериран од приватниот…

  • Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

    Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

    Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во Италија, но и во Европа.…

  • СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

    СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

    Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека земјите мора да дејствуваат брзо…

  • Половина од граѓаните загрижени од кражба на идентитет на интернет

    Половина од граѓаните загрижени од кражба на идентитет на интернет

    Околу половина од домашната популација е загрижена од кражба на идентитетот и станување жртва на измама со користење банкарска картичка, а над петтина (16 проценти)…

  • Задушница – спомен за починатите

    Задушница – спомен за починатите

    Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите. Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на…

  • Претпладне облачно, попладне сончево со северен ветер

    Претпладне облачно, попладне сончево со северен ветер

    Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер…

  • Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на 42-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA 2020” во Белград

    Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на 42-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA 2020” во Белград

    Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествува на 42-от меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA 2020” во Белград, заедно со општините Дојран и Крушево,…