5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоради дрон запрен сообраќајот во Франција

Поради дрон запрен сообраќајот во Франција

 Дрон, кој денес беше виден во близината на франкфуртскиот аеродром предизвика запирање на воздушниот сообраќај, соопшти портпаролот на аеродромот. 

Воздушниот сообраќај беше запрен меѓу 17:15 и 17:45.

Во инцидентот учествувал еден дрон, а потоа летовите нормално продолжиле, се вели во соопштението на аеродромот на нивниот официјален профил на Твитер, додавајќи дека “немало хаос”.

Портпаролот на германската државна агенција за контрола на летање DFS, откри дека федералната полиција го проверувала просторот околу аеродромот со помош на хеликоптери, пред да одлучи повторно да го отвори по 30 минути.

Портпаролот на сојузната полиција потврди дека е пријавен дрон, но полицијата сè уште не успеала да го докаже неговото постоење. Во моментов нема осомничени, а истрагата продолжува, додаде тој.

Тило Вогт, официјален претставник на DFS, минатиот месец изјави дека пилотите минатата година виделе двапати повеќе беспилотни летала, вкупно 158.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП