7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Димовски во посета на Турција

Министерот Димовски во посета на Турција

dimovski-2-

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Димовски на покана од турскиoт министер за храна, земјоделство и сточарство Мехди Екер од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Анкара, Турција.

Двајцата министри ќе имаат билатерална средба на која ќе потпишат Меморандум за разбирање меѓу владите на Македонија и на Турција за соработка во областа на земјоделството.

Како што соопшти МЗШВ, за време на посета на Турција министерот Димовски ќе се сретне и со турскиот министер за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП