22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнституционален договор: Cите производи во ЕУ мора да бидат со еднаков квалитет

Институционален договор: Cите производи во ЕУ мора да бидат со еднаков квалитет

Конечениот договор беше постигнат во четвртокот навечер после десет часа преговарање на европските институции за забрана на двојниот квалитет на производите на истокот и западот на Европската унија во контекст на ревизијата на Директивата за непоштените трговски практики.

Хрватската европаламентарка Билјана Борзан кажа дека ова е крајот на петгодишната борба која ќе резултира со ист квалитет на сите производи во цела Европа.

“Тешко е да не сте емотивни во ваков момент. Кога почнав со оваа борба, ме убедуваа дека ова е однапред изгубена битка, бидејќи јас не ќе можам да го надминам притисокот на мултинационалните компании. За среќа, се случи спротивното “, изјави Борзан.

Истражувањето кое го спроведела со Хрватската агенција за храна е, како што вели, капка која ја прели чашата, бидејќи резултатите покажуваат дека една третина од храната и не-прехранбени производи во Хрватска се со понизок квалитет отколку во Германија.

” Тие резултати мене ме обврзаа.Тоа беше робовска работа, но минатата ноќ е договорена забрана на различен квалитет за сите производи, а со тоа и храна, но, исто така, технологија, автомобили и така натаму”, објаснува Борзан.

Договорена е и безбедносна одредба во која ЕК мора во рок од три години да направи проценка на ефикасноста на новите правила и по потреба да ги заостри.
Според процедурата, договорот се уште мора да биде потврден од страна на Советот и Европскиот парламент со финално гласање во наредните недели.

Директивата предвидува дека казните за производителите кои пласираат двоен квалитет ќе бидат до четири проценти од нивниот годишен промет. Паралелно со законодавниот процес, во тек е и истражување за квалитетот на европските производи.

Постојат безброј примери во кои производите во западните, побогатите земји се со значително подобар квалитет отколку во источниот дел на Европската унија. Добар пример за таква практика е популарната “nutella”, што секако не е само еден од овие производи.

Така, истражувањето на пратеничката Борзан пред неколку години, со споредување на хрватската и германската “nutella” се  утврди дека Хрватскиот производ содржи сурутка во прав и помал процент на обезмастено млеко во прав, додека производот во Германија содржи само обезмастено млеко во прав. Производ исто така купен во Хрватска е посладок, погуст, и е по ароматичен на какао, додека производот од Германија е потемен, има арома на лешник и помазен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП