26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте оптимизмот кај германските потрошувачи

Расте оптимизмот кај германските потрошувачи

germany1

Довербата на германските потрошувачи е во пораст, поради очекувањата дека нивните приходи ќе се зголемат и дека економијата ќе биде здрава и стабилна во наредните месеци, покажуваат резултатите од новото истражување.

„Стабилната стапка на вработување и поволните договори за плата значат дека очекувањата на граѓаните за растот на приходите не се намалуваат. Тоа има позитивен ефект на вкупните економски очекувања“, соопшти компанијата за пазарна анализа „GfK“.

Потрошувачите во најголемата европска економија се помалку подготвени за големи купувања во споредба со претходните истражувања, но нивната доверба и понатака е на добро ниво“, се наведува во истражувањето.

Индексот на доверба кај германските домаќинства во јули е зголемен на вредноста 6,8 од претходните 6,5 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Истражувањето опфатило околу 2.000 домаќинства, чии членови одговориле на прашањата за очекувањата за приходите и состојбата на економијата во наредните месеци, како и за подготвеноста да трошат пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП