18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок

Европските берзи под притисок

На европските берзи утрово се тргува внимателно, a под поголем притисок беа продажбите на акциите на финансиските институции, откако Банката на федерални резерви(ФЕД) испрати порака за задржување на каматните стапки на постоечкото ниво до крајот на годината.

Пан-европски Stoxx 600 индексот околу 09:30 утрово беше минус 0,3 проценти, главно под притисок од паѓање на цените на акциите на банките на берзите во Париз, Мадрид и Франкфурт.

Германскиот DAX, исто така, се намали за 0,3 отсто, на 11.571 поени, но најмногу паднаа цените на акциите на банките – во просек од еден процент. Парискио CAC стагнираше на 5.382 поени.

Цените на акциите на банките обично се под притисок кога каматните стапки се очекуваат да стагнираат или да опаѓаат во иднина. И по дводневната конференција на шефовите на ФЕД, вчера објавија дека клучните каматни стапки, најверојатно, ќе останат на сегашното ниво од 2,25 до 2,50 проценти, барем уште оваа година.

ФЕД, исто така, ги намали проценките за растот на американската економија, вработеноста и инфлацијата оваа година, што ги загрижи инвеститорите. Сега се очекува овогодинешната стапка на растот на економијата на САД да изнесува 2,1 отсто, што е речиси еден процентен поен пониско отколку во 2018 година. ФЕД ја намали проценката на инфлација оваа година од претходните 1,9 на 1,8 отсто, а малку ја покрена проценката на овогодинешната стапка на невработеност, на 3,7 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП