28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМесецот на вашиот роденден може да открие кои се идеални вежби за...

Месецот на вашиот роденден може да открие кои се идеални вежби за вас

Сигурно сте забележале дека некои вежби ви одговараат повеќе од другите. Се разбира, во каректерот на секој од нас зависат параметри, а карактерот делумно е поврзан и со месецот во кој сте родени, односно хороскопскиот знак на кој припаѓате.

Јануари

Вие сте природни лидери. Упорни сте и сè што работите го правите со максимални напори. Бидејќи сакате да бидете активни, ги поддржувате речиси сите спортови, а најдобро се снаоѓате во трчање или скијање.

Февруари

Родени сте во овој посебен месец (кој се разликува од другите по неговиот број на денови) и затоа сте многу посебни. Но, се брзо ви здосадува и не можете да издржите рутина. Затоа најдобро ќе се чувствувате на кружни тренинзи со комбинирање на различни вежби.

Март

Родените во третиот календарски месец вечно трагаат по мир и тишина. Не ви одговараат групните тренинзи или вежбањето во сала. Преферирате пливање кое ви овозможува да “избегате” од светот.

Април

Храбри сте и не е чудно секогаш да барате нови предизвици. Вие не се тимски играч, па најдраги ви се вашите омилени спортови во кои вие самите морате да остварите резултат, а уште и ако се необични, никој нема да биде посреќен од вас. Можеби би можеле да се обидете да фрлате диск во далечина?

Мај

Стрпливи сте, но неописливо тврдоглави и упорни. Не е изненадување што вашата идеална вежба е издржливост.

Јуни

Многу сте интелигентни, но и сте особено емотивни па не сте љубители на натпреварувачки спортови и вежби. Пилатес или јога најмногу ќе ви одговара.

Јули

Уште еден љубител на самостојно вежбање. Не ви се допаѓа некој да ви наредува, а уште помалку сакате да се натпреварувате со другите. Иако часовите по јога највеќе ве опуштаат, повеќе бирате вежби од Youtube кои сами ќе ги научите далеку од очите на другите.

Август

Големи навивачи кои уживаат во дружењето со другите, па на вас не ви доаѓа во предвид самостојно да вежбате. Ќе бидете среќни да одите во теретана, каде што ќе може истовремено да испробате голем број на различни вежби, но, исто така, половина од времето да го поминете во разговор со другите.

Септември

Ги обожавате сите вежби и спортови кои подразбираат живот на отворено па ќе се обидете во сите активности како што се возење велосипед, ролерки, одбојка на песок…

Октомври

Луѓето родени во овој месец сакаат да знаат дека имаат поддршка од другите и ќе се чувствувате најдобри во спортови што се изведуваат во парови. За вас одличен избор се речиси сите врсти на танцување.

Ноември

Вие сте крајно посветени, но исто така и одмаздољубиви. Покрај тоа, вие сте многу борбени и ако ве победат, вие уште повеќе ќе се заинатите за да ги победите наредниот пат. Вие не сакате групни тренинзи, бидејќи сакате сами да сте одговорни за резултатот кој ќе го остварите па за вас идеален спорт е боксот.

Декември

Вашата заинтересираност и мотивација е многу тешко да се задржи, па не доаѓа во предвид спортови кои вклучуваат постојано повторување на истите работи. Поради тоа со задоволство бирате кружни тренинзи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП