23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРусија донесе закон против лажни вести и навреди на властите на интернет

Русија донесе закон против лажни вести и навреди на властите на интернет

Претседателот Владимир Путин потпишал закон за нови, строги казни за граѓаните на Русија, кои шират, она што властите го сметаат за лажни вести на интернет или кои покажуваат непочитување кон земјата, објави во понеделникот официјалниот портал за правни информации.

Критичарите предупредуваат дека законот може да создаде механизам за државна цензура, но пратениците велат дека новите мерки се потребни за да се борат против дезинформациите и навредливите коментари на интернет, по пример на прописите донесени во западните земји.

Законот им дава овластување на властите да ги блокираат веб-страниците ако не ги исполнат барањата за отстранување на информации што државата ги смета за неточни. Според новиот закон, поединци можат да бидат казнети со парична казна до 400.000 рубли ( 6.100 долари ) за ширење на лажни информации на интернет, што доведува до ,,масовни прекршувања на јавниот ред”.

Граѓаните кои покажуваат непочитување на интернет спрема државата, властите, јавноста, руското знаме или уставот, може да бидат казнети со 100.000 рубли според новиот закон. За повторно прекршување можат да бидат осудени и до 15 дена затвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП