23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТереза Меј нема да бара долго одложување на Брегзит

Тереза Меј нема да бара долго одложување на Брегзит

Британската премиерка Тереза ​​Меј нема да бара од Европската унија долго одложување на Brexit, објави BBC.

BBC во вторникот објави дека Меј во писмото до Европската унија побарала продолжување на Brexit до крајот на јуни, со можност за продолжување на одложувањето за период до две години.

BBC и Sky News во средата објавија дека Меј писмено ќе побара од ЕУ кратко одложување.

Главниот европски преговарач, Мишел Барние, во вторникот изјави дека одложувањето треба да биде поврзано со нешто ново и мора да се осигураат дека на крајот на одложувањето нема повторно да се доведе во сегашната ситуација.

“Подолгото одлложување треба да биде поврзано со нешто ново, нов настан, нов политички процес”, изјави Барние, во вторникот , по состанокот на Советот за општи работи, кои разговарале за ситуацијата околу Brexit.

Напуштањето на Обединетото Кралство ќе доминира на дводневниот самит на ЕУ, кој започнува во четврток во Брисел.

Планот на британската премиерка Тереза ​​Меј, пред самитот во Брисел, по трет пат ќе се стави на гласање за договорот со ЕУ кој до сега два пати е одбиен во парламентот и е доведен до прашање, кога во понеделникот претседателот на Долниот дом Џон Беркју рече дека не е можно да го врати договорот на гласање ако нема значителни промени во неговата содржина.

Меј, по третото гласање планира да дојде на самитот на ЕУ со барање да се одложи напуштањето на ЕУ.

Според сегашните одредби, Велика Британија ја напушта ЕУ за девет дена – со или без договор.

Европската унија истакнува дека не постои можност за повторно отворање на преговорите за договорот кој беше постигнат со Брисел и се очекува премиерката да дојде на самитот со јасен план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП