5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијански политичар кој е против вакцинација заболе од сипаници

Италијански политичар кој е против вакцинација заболе од сипаници

Италијанскиот политичар, Масимилијано Федрига, член на партијата „Северна лига“, која се противи на обврската за вакцинација против 12 болести, заболе од сипаници, поради што помина четири дена во болница.

„Добро сум, дома сум и се опоравувам. Им благодарам на сите“ напиша 38-годишениот Федрига на социјалните мрежи откако излезе од болница.

Федерига е противник на тоа во Италија да се воведе задолжителна вакцинација на децата за 12 болести, меѓу кои и сипаници.

Вакцинирањето против дифтерија, тетанус, детска парализа, но и против осип, сипаници или заушки е задолжително за упис во градинка на децата помлади од шест години.

Родителите на невакцинираните деца постари од шест до 16 години им се заканува казна од 100 до 500 евра. На учениците им е забрането да доаѓаат во училиште се додека не донесат потврда дека се вакцинирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП