26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајниска стапка на невработеност во регионот имаат Србија и Албанија, највисока Косово

Најниска стапка на невработеност во регионот имаат Србија и Албанија, највисока Косово

Србија и Албанија се двете економии во земјите од Западен Балкан кои имаат најниска стапка на невработеност, додека стапката на невработеност во Косово е најголема и изнесува 29 отсто, се вели во најновиот извештај на Светската банка и на Виенскиот институт за меѓународни економски студии на трендови на пазарот на трудот во земјите од Западен Балкан за 2018 година.

Како што е наведено, економскиот раст во земјите од Западен Балкан не бил доволен за да се забрза и да се зголеми бројот на работни места, а најголем пораст на вработеноста е забележан во Албанија и Црна Гора со 3,3 отсто, потоа кај нас со 2,1 отсто, Босна и Херцеговина со 0,8 и Србија со 0,5 отсто.

Невработеноста падна на историски најниско ниво во повеќето економии на земјите од Западен Балкан.

Кај нас стапката на невработеност падна на историски најниско ниво од 19,4 %.

Во исто време, вработеноста во регионот се зголемила за 1,1 проценти во вториот квартал од 2017 година до вториот квартал од 2018 година.

Долгорочната невработеност, со години, претставува предизвик за регионот, а дури 68 проценти од сите невработени во регионот се долгорочно невработени, главно работоспособно население помеѓу 25 и 54 годишна возраст.

Високиот претставник на Светската банка, Гонзало Рејес рече дека трошоците за работна сила во регионот се ниски во апсолутна смисла во однос на ЕУ, имајќи го во предвид фактот дека нивото на платите е ниско, но ако се спореди со БДП по глава на жител, тие се многу високи.

И придонесите за социјално осигурување се високи во регионот, дури и повисоки отколку во ЕУ, како и за оданочувањето на приходите на работниците со ниски приходи.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП