24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

Градежништво: помалку работа, помал профит – секторот оди надолу

Релативно лоша година за градежните компании, речиси сите имаат намален обем на работа и драстично скастрен профит. На производителите на градежни материјали се уште им оди добро. Сепак, секторот е далеку од златните времиња, пред 5-6 години, кога се ѕидаа милионски профити и се остваруваа двоцифрени стапки на раст.

Градежните компании со намалена заработка

Гранит Скопје 2018-та ја завршил со приход од 63 милиони и 938 илјади евра што е за 14% помалку од 2017-та. И расходот се намалил за 14% до сума од 62 милиони и 399 илјад

и евра. Сепак компанијата имала зголемен профит за 38% и тој достигнал 4 милиони и 922 илјади евра.

Бетон Скопје плани имал приходи од 36 милиони и 428 илјади евра со што бил направен раст од 6%, расходите биле 34 милиони и 115 илјади и биле поголеми за 5%. Сепак, вкупната заработка била помала за 6% и изнесувала 501 илјади евра.

Бетон Штип имал приходи од 3 и 224 илјади евра, тие биле пониски за дури 52%. Расходите биле 5 милиони и 182 илјади евра и биле помали за 32%. Компанијата ја завршила 2018-та со загуба од 1 милион и 547 илјади евра. Негативно салдо имала и во 2017-та кога загубата била 899 илјади и 934 илјади евра.

Производителите на материјали работат добро

Фабриката Карпош лани имала приходи од продажба кои достигнале 13 милиони и 274 илјади евра, биле зголемени за 39%. Профитот пораснал за 131% до сума од 468 илјади евра.

Мермерниот комбинат Прилеп имал зголемени приходи за 53%, достигнале 39 милиони и 991 илјади евра. Профитот пораснал за фантастични 115% и достигнал дури 22 милиони и 822 илјади евра.

Цементарницата УСЈЕ имала приход од 74 милиони и 697 илјади евра што е на истото ниво како и претходната година. Расходите биле зголемени за 4% и достигнале 56 милиони и 466 илјади евра. Профитот бил помал за 3% и изнесувал 17 милиони и 209 илјади евра.

Градежниот сектор порасна за само 0.2%

Финансиските резултати на градежните компании и на производителите на материјали кои што се објавени на Македонската берза воопшто и не се изненадување ако се земат предвид податоците на Државната статистика (ДЗС).

Според ДЗС градежништвото пораснал за само 0.2% минатата година. Во првиот квартал секторот имал негатива од 19.3%, во вториот негатива од 2.0%, во третиот повторно негатива од 2.6%. Позитивниот резултат е поради огромниот раст во четвртиот квартал кој достигнал 19.6%. Се на се вкупниот раст за цела 2018-та година е 0.2%.

На намаленото работење на градежните компании големо влијание имаше и слабата реализација на капиталните инвестиции. Минатата година Владата потроши само 65.5% од планираните од планираното согласно ребалансот на буџетот или помалку од половина од првичната сума од 400 милиони евра.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП