Најскапи градови во светот се Париз, Хонг Конг и Сингапур, кои се на прво место на листата на магазинот “Економист”. Ова е првпат во 30-годишната историја на анкетирања спроведени од страна на магазинот, дури три града да ја делат првата позиција.
Во истражувањето се споредуваат цените на секојдневните намирници, како што е лебот, а потоа се прати дали цените се зголемиле или се намалиле и се споредуваат со трошоците за живеење во Њујорк, кои се користат како референтна вредност. Споредувани се условите во 133 градови ширум светот.
Од 2003 година, Париз е меѓу десетте најскапи градови и е “исклучително скап” за живот, според авторот на извештајот, пренесува BBC.
Просечната цена на женската фризура, на пример во Париз изнесува 119,04 долари, во споредба со 73,97 долари во Цирих и 53,46 долари во Јапонскиот град Осака.
“Европските градови имаат највисоки трошоци во домаќинството, личната нега, рекреација и забава, а Париз во овие категории е добар претставник, се наведува во извештајот.
Зад Сингапур, Париз и Хонг Конг се Цирих, Женева, Сеул, Копенхаген, Осака, Сеул, Њујорк, Тел Авив и Лос Анџелес.