27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагриженоста расте: Големите сили во расправа за оружјето во универзумот

Загриженоста расте: Големите сили во расправа за оружјето во универзумот

Повеќето воени операции на Земјата се потпираат на комуникациските сателити и глобалните влади се сè повеќе загрижени дека тие би можеле да бидат уништени, изјави Бразилскиот дипломат Гиљерме Патриота де Агвиар, пред состанокот во Женева.

“Универзумот е сè повеќе и повеќе важен за целокупната воена доминација”, изјави за новинарите претседателот на седницата Гиљерме Патриота де Агвиар во предвечерието на двонеделната конференција.

Состанокот на ОН беше инициран откако претседателот на САД, Доналд Трамп во јуни минатата година ги објави плановите за воспоставување на вселенски сили како нови гранки на војската, како би ја обезбедиле доминацијата на САД во вселената.

Во 2008 година, Русија и Кина предложија да се склучи договор со кој ќе се забрани поставување оружје во орбитата и пошироко, како и нападите на објекти во универзумот.

Но, западните земји се спротивставија на тоа. Наместо тоа, САД и ЕУ ги поддржуваат необврзувачките мерки.

На состанокот во Женева, со учество на Иран, Пакистан и Индија треба да се овозможи напредок во овој поглед и да резултира во серија на предлози кои би можеле да бидат вклучени во идниот договор на ОН.

Учесниците ќе дискутираат за тоа дали да се фокусираат на забрана на одредени типови на оружје или одреден вид на однесување во вселената.

Ќе се разгледуваат правно законските обврзувачки правила и необврзувачките мерки за транспарентност.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП