Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 648.00 0%    ALK 8,575.33 -0.26%    CEVI 800.53 -1.17%    FERS 78,000.00 -0.36%    GRNT 830.00 0.76%    KMB 5,167.69 -0.37%    MPT 52,500.00 -0.57%    MTUR 5,294.18 1.81%    OHB 6,180.00 -0.01%    REPL 74,702.00 -3%    SBT 2,328.00 -3%    SPAZ 18,000.00 1.69%    STB 1,145.00 -0.47%    TEL 300.00 0.14%    TNB 15,613.40 0.73%    

Расте девизниот прилив од туризмот

Време: 11:01

Датум: март 19, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Конкурентноста на македонскиот туристички производ на светскиот пазар е се поголема, а тоа директно се рефлектира врз учеството на туристичката индустрија во бруто домашниот производ на државата, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Девизниот прилив во 2018 година по основ на туризам, бележи раст од 16,7 отсто во споредба со 2017 година. Првите два квартали од 2018 година споредбено со истиот период претходната година бележат раст на девизниот прилив од повеќе од 20 отсто, односно, за 26,49 отсто девизниот прилив по основ туризам е повисок во првиот квартал на 2018 година споредбено со минатата, а вториот квартал бележи дури и поголем раст – 27,45 отсто за истиот период, наведува Агенцијата.

Третиот квартал во 2018 година остварил 147,08 милиони американски долари или покачување на девизниот прилив за 8,8 проценти од претходната година. Четвртиот и последен квартал го следи трендот на раст и бележи 14,2 отсто поголем девизен прилив за разлика од четвртиот квартал во 2017 година.

Континуитетот во зголемувањето на девизниот прилив од посети на странски туристи се должи на мерките и активностите што се преземаат од страна на целиот туристички сектор во земјава. Oчекувањата на Агенцијата за туризам за 2019 година се посета на нашата земја од 1,3 милиони туристи, кои ќе остварат четирти милиони ноќевања и девизен прилив од 420 милиони американски долари.

Како што стои во соопштението на Агенцијата за туризам, овие позитивни статистики се резултат на нејзината континуирана работа,а а се однесуваат на зголемената промоција и поддршката која ја дава институцијата за реализација на проекти значајни за развој на нови туристички содржини. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија водејќи се од својата заложба за континуиран развој, унапредување и афирмација на туризмот, а имајќи ги предвид предностите и економската корист од развојот на оваа стопанска гранка, инвестира и работи на реализација на програмски активности, со цел да се овозможи подобра и поефикасна туристичка понуда.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил

    УНЕСКО: Нотр Дам не мора да биде ист како што бил

    Делегацијата на УНЕСКО разговарала со претседателот на Франција за париската катедрала уништена во пожарот. Обновата на париската катедрала Нотр Дам мора да ги заштити универзалните…

  • Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

    Јункер: Постои страв дека ќе дојде до Брегзит без договор

    Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на деталите околу напуштањето на Унијата…

  • Сите претседатели на Република Македонија

    Сите претседатели на Република Македонија

    Од независноста на Република Македонија на претседателската фотелја седнаа четворица претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и актуелниот Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандати,…

  • Сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од северен правец

    Сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен и североисточен ветер. Вдолж Повардарието ветерот ќе се засилува. Локално е…

  • Макрон денес се сретнува со официјалните претставници на УНЕСКО за Нотр Дам

    Макрон денес се сретнува со официјалните претставници на УНЕСКО за Нотр Дам

    Претседателот на Франција Емануел Макрон, денеска ќе одржи состанок со официјални претставници на Агенцијата за културни наследства на Елисејската палата, на која ќе се разгледаат…

  • Анализа: раст на просечната плата од 4.5% – кој го чувствува?

    Анализа: раст на просечната плата од 4.5% – кој го чувствува?

    За една година платата пораснала за 4.5%, а за една деценија за 20%. Сепак, македонскиот работник останува речиси на европското дно во однос на просечниот…

  • За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

    За помалку од една недела од морбили заболеле 121 лице

    Во периодот од 13 април до денеска пријавени се вкупно 121 случај на мали сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје. Од вкупниот број на ново…

  • Бил Гејтс повторно со богатство од над 100 милијарди долари

    Бил Гејтс повторно со богатство од над 100 милијарди долари

    Состојбата на основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс надмина 100 милијарди долари. Тоа се случува првпат од 1999 година, пишува „Форбс“. – Состојбата на Бил…

  • Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

    Дејвид Атенборо: Има надеж во борбата против климатските промени

    Во новата програма на BBC “Климатски промени – факти”, познатиот британски водител и љубител на природата Дејвид Атенборо, говори за размерите на кризата со која…

  • Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

    Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка

    Стратешка определба на Фондацијата Отворено општество – Македонија е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи…