20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ги "скротува" онлајн-медиумите

Путин ги “скротува” онлајн-медиумите

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша два закони со кои се ограничува работата на онлајн-медиумите во таа земја.

Според законите, кои критичарите ги гледаат како дел од напорите на Кремљ да ги угуши критиките по властите и да ја зајакнат контролата над медиумите, секој што ја “навредува” државата ќе биде означен како криминалец.

Законот, кој беше усвоен во рускиот парламент на почетокот на овој месец, воведе казна од 15 дена затвор за објавување материјал кој покажува непочитување на државата, нејзините симболи или државни органи.

Вториот закон предвидува блокирање на секој што објавува лажни вести на интернет, што се смета за загрозување на јавното здравје и безбедност.

Оние кои објавуваат такви (лажни) вести, имаат можност да ги отстранат во рок од еден ден, а доколку не го сторат тоа, обвинителите ќе ја блокираат нивната работа.

Според податоците објавени на официјалниот портал на руската влада, Владимир Путин веќе ги потпишал двата закона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП