7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо земјите од ЕУ има најмногу слободни работни места

Во земјите од ЕУ има најмногу слободни работни места

Стапката на слободни работни места во Европската унија и Еврозоната се зголеми во четвртиот квартал од 2018 година на 2,3 отсто, покажуваат сезонски некоординираните податоци од Еуростат.

Таа стапка во третиот квартал од минатата година, во ЕУ изнесуваше 2,1, а во Еврозоната 2,2 проценти. Стапката покажува непокриена побарувачка за работна сила.

Во ЕУ и во Еврозоната, најголем проблем со пронаоѓање на работници беше забележан на крајот од минатата година во услужниот сектор, со стапка на слободни работни места од 2,6 проценти. Во индустријата и градежниот сектор таа изнесуваше 2,1 проценти во ЕУ, а 2,0 проценти во Еврозоната.

Меѓу земјите чии компаративни податоци ги има на располагање Еуростат, највисоката стапка на слободни работни места во четвртиот квартал од 2018 година е регистрирана во Чешка, со 6,0 проценти. Веднаш зад неа се Белгија и Германија со 3,4 отсто, додека во Австрија изнесувала 3,1 отсто.

Најниска стапка на слободни работни места е забележана во Грција, во висина од 0,4 проценти. Проследено со Бугарија, Ирска, Шпанија и Португалија со 0,9 отсто.

Во Хрватска, стапката на слободни работни места во наведениот квартал паднала на 1,4 проценти, што е најниско во период од нешто повеќе од една година. Послабата побарувачка за работна сила во четвртиот квартал била регистрирана во Естонија, Ирска и Литванија.

Чешка, Австрија, Малта и Германија забележаа најголем пораст на побарувачката за труд во споредба со истиот период минатата година.

Евростат ги извади податоците за Данска, Франција, Италија и Малта во посебна табела, бидејќи истите не се споредливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП