2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоедноставете го вашиот живот на работа

Поедноставете го вашиот живот на работа

rab4

Секој порано или подоцна ја чувствува тежината на стресот на работа.

За да ја намалите напнатоста и стресот во својот деловен живот, поедноставете го со следните совети.

Користете календар

Користењето на календар и почитувањето на сите обврски на него во планираниот момент е најдобриот начин да го намалите стресот на работното место. Без разлика дали работите во канцеларија или од сопствениот дом, планирајте го секој ден и обврските подредете ги според важноста.

Ослободете се од нередот

Барем еднаш неделно организирајте го својот работен простор, фрлете ги сите непотребни хартии, наредете го она што ви е потребно… Пожелно е и вашиот комјутер да биде уреден. Отстранете се што не ви е потребно.

Научете се да кажете НЕ

Без разлика колку сте расположени, потполно е нормално понекогаш да им кажете „НЕ“ на другите, кога на нив ќе им биде потребна вашата помош. Ако вашите колеги постојано бараат помош од вас, а тоа ви го отежнува обавувањето на задачите, извинете им се и кажете им дека немате време.

Оставете ја работата на работа

За да го поедноставите вашиот живот, обидете се работата да не ја носите дома. Обидете се на патот од работа до дома психички да ја оставите работата и да се ангажирате само за приватниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП