26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГунтер IV е најбогатиот миленик во светот

Гунтер IV е најбогатиот миленик во светот

1_rich-pets

Најбогатите луѓе понекогаш своето богатство го оставаат на домашните миленици после смртта. Ваквиот потег со сигурност не им се допаѓа на членовите на семејството, но сепак нивната волја останува непроменета.

Најбогатиот миленик во светот е германски овчар Гунтер IV, чие богатство се проценува на 373 милиони долари.

Во јули 2000-та година Гунтер IV купи замок со осум спални од поп дивата Мадона. Кучето го наследи богатството од својот татко Гунтер III на кого германската грофицата Карлота Либенштајн по нејзината смрт му оставила 106 милиони долари.

Во моментов Гунтер IV поседува недвижности на Бахамите, во Италија и Германија, има своја интернет страна, како и луксузни автомобили, готвачи и домашна послуга.

Инаку богатството на Гунтер IV од година во година се повеќе расте и поради тоа тој убедливо е најбогатиот миленик во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП