25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Мораме да знаеме што Велика Британија сака

ЕУ: Мораме да знаеме што Велика Британија сака

Министрите на некои земји-членки на ЕУ ја повикаa британската премиерка Тереза ​​Меј да ja разјасни позицијата на Лондон спрема Брегзит, додека Унијата размислува дали да одобри продолжување на рокот за напуштање на Велика Британија од тој блок.

Во пресрет на самитот на ЕУ во насока на Брегзит, кој започнува во четврток, министрите на Германија и Белгија повторно побараа од Меј јасно да каже што сака од европските партнери.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, рече дека ЕУ мора да знае што Лондон сака.

“Ние треба да знаеме што сака Британија: Колку долго (одложување на Брегзит), која би требало да биде причината за тоа, како треба да биде спроведено, што е всушност целта на продолжување на крајниот рок”, изјави Мас.

Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рендерс кажа дека неговата земја не е против продолжување на рокот за Брегзит, но проблемот е зошто се бара одложување.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29-ти март. Се очекува оваа недела Меј по трет пат пред парламентот да го објави договорот со Брегзит, кој го постигна со Брисел. Пратениците во вторникот по втор пат го отфрлија тој договор, а во четвртокот одлучија да побараат од ЕУ да го одложи Брегзит.

Меј сега настојува да обезбеди поддршка за договорот од Демократската унионистичка партија(ДУП) од Северна Ирска, која ја поддржува нејзината малцинска влада. Поддршката од 10 пратеници од ДУП за договорот, може да влијае врз тврдите приврзаници на Брегзит од редовите на Конзервативната партија, кои се противат на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП