Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,310.00 0.63%    BESK 8,730.00 -3%    GRNT 832.42 0.19%    KMB 5,264.58 -0.83%    MPT 52,500.00 0.04%    MTUR 5,249.25 -0.01%    OHB 6,077.33 -1.18%    OKTA 4,295.55 -1.64%    SPAZ 18,000.00 0%    STB 1,142.25 -0.24%    TEL 299.11 -0.3%    TNB 15,965.40 0.95%    

Негативни резултати од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки, нема нов случај со МРСА

Време: 13:30

Датум: март 18, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Негативни се резултатите од 48-те земени мостри од неколку училишта и градинки од Чаир и Бутел, што требаше да покажат дали има присуство на бактеријата МРСА. Деновиве нема ниту еден нов случај со бактеријата МРСА.

Ова денеска го изјави епидемиологот Александар Стојанов од Центарот за јавно здравје Скопје, кој во врска со тоа дека минатата недела кај ученик од Зелениково е потврдена бактеријата, рече дека бактеријата може да ја има во секое училиште и секаде на друго место, дека станува збор за колонизација на бактерии во овој случај тоа е МРСА.

– Нема потреба од никаква реакција во смисла да се земаат антибиотици. Бактеријата МРСА е опасна во болнички услови. Ние не живееме во стерилна средина, ние сме цело време изложени на некакви инфекции. Немаме болно дете, се реагира кога има температура, инфекција, изразена со клинички знаци… Ова е нормална ситуација во општеството, така што немаше потреба од посебни мерки, рече д-р Стојанов.

Посочи дека Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство одлучила дека не може на секое јавување од директори или од професори од училиштето каде ќе се најде некоја таква бактерија, веднаш да се оди во Центар за јавно здравје за да се земат брисеви за цело училиште, да се дезинфицира итн.

– Комисијата одлучи дека ќе се направи едно кратко упатство во случај кога во Центарот за јавно здравје доаѓаат родители со упати од матичен лекар за да им се земат контролни брисеви на нивните деца. Ќе бидат известени матичните лекари дека кај вакви случаи кога нема клинички знаци за инфекција, а тоа го викаме колонизација на бактерии на одредено место во телото, нема потреба да им издаваат упати на родителите за нивните деца и да ги препраќаат за брисеви во центрите за јавно здравје, дека не треба да се препишуваат антибиотиците, бидејќи се повеќе се зголемува резистенцијата кога се даваат без потреба. Нема потреба од паника, рече д-р Стојанов.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

    Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

    Продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првиот квартал биле потрошени само 6.21% од планираните пари за цела година. За да се оствари проекцијата реализацијата…

  • НБРМ го усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава за 2018 година

    НБРМ го усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава за 2018 година

    Советот на Народната банка денес одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за 2018 година. Притоа беше нагласено дека и во…

  • Светот во 2018 година остана без 12 милиони хектари тропска шума

    Светот во 2018 година остана без 12 милиони хектари тропска шума

    На земјата во 2018 година исчезнале повеќе од 12 милиони хектари тропски шуми, што е површина колку Никарагва, објавил Институтот за природни ресурси во светот…

  • За Велигденските празници ПОЦ ќе им овозможи бесплатен паркинг на граѓаните

    За Велигденските празници ПОЦ ќе им овозможи бесплатен паркинг на граѓаните

    По повод претстојните Велигденски празници, од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) информираат дека од 26 (петок) до 29 април (понеделник) паркиралиштата со кои…

  • Амбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

    Амбулантите ќе работат 24 часа за време на празниците

    Во текот на престојните празнични денови службите на Здравствен дом Скопје ќе обезбедуваат 24 часовна здравствена заштита преку дежурните ноќни пунктови во Поликлиника Идадија, Ченто,…

  • До 30 јуни бесплатно приклучување на парно греење

    До 30 јуни бесплатно приклучување на парно греење

    До 30 јуни годинава, „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ повторно нуди можност за бесплатно приклучување на системот за централното греење. Акцијата, како што соопшти компанијата,…

  • Адолф Хитлер избегал и живеел во Аргентина?

    Адолф Хитлер избегал и живеел во Аргентина?

    ФБИ испитува информации според кои нацистичкиот лидер Адолф Хитлер можеби не умрел на 30 април 1945 година, туку, наводно избегал во Аргентина со подморница. ФБИ…

  • Грета Тунберг фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир

    Грета Тунберг фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир

    Бидејќи инспирирала илјадници луѓе од целиот свет да протестираат поради климатските промени, шведската тинејџерка Грета Тунберг стана фаворит за освојување на Нобеловата награда за мир…

  • Тркалезна маса за економската иднина на земјава

    Тркалезна маса за економската иднина на земјава

    Во организација на Институтот за стратегија и развој (ИСД), денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Економските предизвици и ефекти од евроатланските…

  • Сончево со мала до умерена облачност

    Сончево со мала до умерена облачност

    Времето во земјава сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, и услови за изолирана појава…