6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис конфедерацијата на Македонија се претстави пред јапонски експeрти во Хирошима

Бизнис конфедерацијата на Македонија се претстави пред јапонски експeрти во Хирошима

japan-macedonia

Бизнис конфедерацијата на Македонија деновиве имаше можност пред јапонски експерти да ги презентира својата работа, мисијата и идните планови за поголем економски раст и подобрување на социо-економската состоба во земјата, но и да слушне препораки за развој на малите и средните претпријатија.

Членовите на Конфедерацијата беа гости на Префектуралниот државен универзитет во Хирошима, Јапонија, во рамки на програмата Политики за развој на мали и средни претпријатија, обезбедена преку јапонската програма за развој  ЈИЦА и  Секторот за европски прашања на Владата на Република Македонија.

Во предавањата, професорите од Универзитетот освен стручни искуства, изнесоа позитивни препораки за преземање поголеми активности кои би им биле  од корист на МСП, заедно со социјалните партнери, образовните институции, локалната самоуправа и Владата.

Викторија Митрикеска од Конфедерацијата на Македонија ги претстави основните стратегиски документи на организацијата како основа за подобрување на состојбите кај малите и средните претпријатија во Македонија, Анализата за сезонските вработувања во индустријата, Агендата за општествена одговорност, реструктуирање на транспортната индустрија и водичот за бизнис етички кодекс за македонските претпријатија.

Покрај од Македонија во Хирошима престојуваа и учесници од регионот, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, како и претставници од Узбекистан, Казахстан и Молдавија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП